Туристичката сезона помина, ама цените во Охрид го задржаа нивото

Охриѓани живеат како туристи во сопствениот град, преку цела година цените во угостителските објекти се толку високи што се страдни да се доближат до кафетериите, не пак да седнат и да се напијат барем кафе. Пиењето кафа за нас стана луксуз, велат охриѓани. Охрид е туристичко место и треба да бидат повисоки,но не олку многу како да сме сред лето, а не на залезот од сезоната. Ако ги погледнеме цените во одредени  рестораните и кафетериите на риверата,ќе добиете впечаток дека сте дошле на некоја егзотична дестинација,оти голта негазирана вода од 250 милилитри, чини 100 денари,а турско кафе- 120 денари.

На Мајорка на пример исти се цените. Па толку чини и во Шпанија кафе на пример, во Хрватска исто летоска бевме. Иако се други примања горе, греота за наш народ што не може да да го користи тоа што е прескапо за нив;

На кафе би требало ама тоа е па потребна секојдневна на луѓето и тука се прави профит,иначе ова не чини ни 10 денари, велат граѓаните.

Намалената посетеност е разбирлива бидејќи кризата удира по сечиј џеб и секој сака да помине со што може помалку-велат од еснафот на угостители.Цените во угостителските објекти во овој моемент се повисоки од очекуваното од она што сме навикнати да бидат

Што се однесува до ценовната политика на угостителските објекти мораме да кажеме дека таа е првично формирана и од влезните артикли што ги имаме, во домен на режиските трошоци спаѓа и тоа. Така да таквите покачувања и очекуваните идни покачувања на енергенсите навистина не ставаат во една неблагодарна положба да не можеме многу како угостители да ги намалите, да ги субвенционираме практични посетителите во нашите објекти, вели Михаил Мишев-еснаф на угостители.

Јас разбирам како и во другите градови да има сезонски цени после завршувањето на сезоната,нормално да се спушата цените вели Владо Суколоски-туристички работник.

Како што ги корегираа менијата почнувајќи од велигденските празници,не им текнува да ги намалат. Ако не ги намалат цените живо пиле нема да им влегува во локалите, велат охриѓани.Туристичките работници пак очекуваат помош и од централната и од локалната власт за да се најде решение во интерес на сите.

Росица Голабоска

Advertisements