Туристите ги „букираа“ приватните капацитети во Охрид, хотелите останаа затворени поради високите сметки за струја

Во услови кога скапотијата и високите сметки за струја ги затворија големите хотели, а помалите на ривиерата се половично резервирани за новогодишните празници, домашните и гостите од регионот ги закупуваат приватните сместувачки капацитети до таа мера што речиси веќе тешко се наоѓа слободно сместување.Ова говори дека Охрид празнично ќе биде полн, но државата наместо час поскоро да интервенира и да им помогме на хотелиертите, ги пушти низ вода , сами да се снаоѓаат. Македонија,ценат експертите не може да се нарече развиена земја, но секаде и во регионот и во светот, државата во вакви ситуации превзема мерки за ублажување во прв ред на енергетската криза.

  • Таа е тој орган кој што треба да се вклучи во одржување во живот на овој дел од стопанството  и без нејзина интервенција не би можеле да зборуваме  за понатамошно опстојување на овој сектор. Се работи за навистина тешка ситуација која што без државна интервенција жртвите ќе бидат големи и тоа ќе резултира со затворање на голем број бизниси рече проф.д-р Климент Наумов-Ф.Т.У.

Кога станува збор за помош од страна на дражавата, оставени сме на милост и немилост, вели охридскиот градоначалник,лут што за прв пат новогодишно хотелите останаа под клуч.

  • Ако гледаме дека единиците на локалната самоуправа кои што се дел од она што претставува власт во Македонија до 1-ви декември чекавме некаква помош по однос на производството на електрична енергија, посебно во јавните претпријатија кои што живот значат ,тогаш не знам како би очекувале хотелите или било кои други бизниси , некако се’ ни е закаснето, изјави Кирил Пецаков-градоначалник на Охрид:

Цените на аранжманите се поскапени и се движат од 30 до 300 евра,зависи кој што сака,но ние немаме есап да работиме, велат хотелиерите.

  • Не е проблемот дека е скапо, цената е таа,проблемот е што приходите се заглавени, што немам многу пари во оптек,што народот нема пари да ги плати колку и да е, значи не е проблем дали 20,30, % поефтина цената за дочекот ,едноставно се нема пари, рече Крсте Блажески-Претсед.на ХОТАМ.

Просечните граѓани не можат да си дозолат дочек на нова година а оние со многу пари ги закупуваат зимските центри каде дочекот чини и по 1000 евра,вели Блажески.

Росица Голабоска 

Advertisements