Тупанчевски: Одлуките на Управниот суд мора да се почитуваат

Одлуката на Управен суд мора да се почитува, во спротивно тоа е кривично дело . Министерот за правда Никола Тупанчевски се уште не ја видел Одлуката од Управен со која се укина решението од неговиот претходник Маричиќ кој забрани да се користи терминот „Македонија “ во целокупната внатрешна и надворешна официјална комуникација уште во 2018 година , но е дециден дека судските одлуки се задолжителни.

Одлуките на судовите кои се донесени се одлуки кои задолжително се почитуваат. Непочитувањето судска одлука значи елементи на некое друго кривично дело. Ќе ја погледнеме каква е одлуката на Уставниот суд. Јас уште не сум ја добил и видел. Меѓутоа дефинитивно она што треба да се знае е дека одлуките на судовите треба да се применуваат, рече Министерот за Правда Никола Тупанчевски.

Филтерот на Министерството за Правда го поминаа Здруженијата „Цар Борис 3 “ и „Ванчо Михаилов од Битола“ ама не и „Млади за Македонијја“ затоа што ја немале претставката „Северна“.

Битката за користење на терминот „Македонија“ стигна до Управен откако здружение на граѓани побара одобрение од Министерството за правда за да може да се регистрираат под името „Млади за Македонија“ . Од  Правда не дозволија   по што тогашниот министер Бојан  Маричиќ  потпиша Решение за забрана за користење на термините   Македонија“ , „Република Македонија“ , „ПЈР Македонија“ , кратенката „ПЈРМ“ во преведена или непреведена форма  повикувајќи се на Преспанскиот договор.

По ова следуваа низа реаакции дека Решението е против уставно и не е обврска од Преспанскиот договор, во кој всушност и  нема член со кој се забранува уботребата на зборот Македонија во институции што не се финансираат од државата

По Одлуката на Управен , Министерството за правда  има рок од 60 дена да донесе ново решение за употребата на терминот „Македонија“.    

Кристина Алексиеска