Тупанчевски без конкретен одговор како ќе постапи откако ќе бидат изгласени законските измени за здруженија и фондации

Дали „Цар Борис Трети“ и „Ванчо Михајлов“ ќе останат во Македонија и покрај носењето на законските измени за кои начелно во Собранието постои консензус? Министерот за правда вели дека легалистички гледано не би требало да се дејствува ретроактивно односно да се прави ревизија на веќе формираните здруженија. Одбегна прецизно да одговори како ќе постапи откако измените ќе стапат во сила а токму тој ќе треба да го има последниот збор.

  • „Секое противправно поведение е биде санкционирано на соодветен начин. Ова е само ад хок телото, ама има и други институции кои може да псотапувааат. Се што во надлежност на министерството ќе биде преземено“ рече Тупанчевски- Министер за правда.

Сепак предлог – измените во оваа форма каква што се во моментот предвидуваат и ретроактивно дејство.

Откако ќе минат во Собранието треба се формира советодавно тело во кое ќе членуваат двајца академици, еден професор по историја, како и по еден претставник од министерставата за правда и за култура. Тие ќе даваат мислење до министерот за правда, а тој ќе ја носи конечната одлука.

  • По донесувањето на новите измени, зависи какви ќе бидат измените, бидејќи има одредени амандмани, ќе треба тие попрецизно да се уредат и она што се нарекува правна празнина да биде пополнета. Во таа насока сигурно и точно ќе се знае кое тело со какви надлежности ќе биде и во кое време треба да постапи“ – истакна министерот Тупанчески.

Предлог законските измени за законот за фондации и здруженија кои ВМРО-ДПМНЕ ги поднесе пред две недели се во собраниска процедура. За нив се дебатира, а се очекува наскоро да бидат ставени на гласање. Начелно, и владејачкото мнозинство и пратениците од опозицијата се на став дека ќе кренат „ЗА“ законските измени. Со тоа практично, контроверзините имиња за македонската историја би биле забранети за именување на здруженија и фондации, а и да се делува ретроактивно на веќе формираните. 

„Организации, здруженија, фондации, сојузи и други форми на здружување… се должни во рок од три месеци од стапување во сила на овој закон, да го усогласат своето име и/или назив, цели и дејности согласно одредбите од овој закон, пред Централниот регистар“ стои во предлог законските измени.

По овие промени се очекува да следат слични измени и во законот за трговски друштва.

Викторија Миткова

Advertisements