Туберкулозата – стара болест со ново лице

Расте бројот на сомнителни случаи на туберкулоза. Тестовите во  Институтот за ТБЦ и детската болница во Козле треба да покажат дали уште 15-тина деца и 30-тина возрасни ја имаат болеста. Зошто заразата која беше карактеристична за минатиот век е актуелна и денес, и дали сиромаштијата е главниот виновник за нејзиното ширење? Според докторите, туберкулозата е болест на сиромашните. Најприсутна е онаму каде што социо-економските услови се најлоши, кај групата на граѓани кои се најизложени на нехигиена и неухранетост.

“Лошо е што во Македонија се сметаше дека веќе одамна е редуцирана болеста, меѓутоа еве повторно се јавува и тоа за жал кај детската популација.Да се надеваме дека овој број ќе биде многу мал, и ќе биде успешно и навреме откриен, како и излекуван” – вели д-р Марковска.

Според лекарите, туберкулозата е опасна и здравството треба сериозно да го сфати преизвикот. Особено да се стави акцент на вакцинацијата.

“Можеби ќе треба малку да се зголеми надзорот на медицинските лица, во делот на децата кои што се вакцинираат.И покрај тоа што кај нас е законска обврска да бесежирањето се врши непосредно после раѓање.Сепак треба да се зголеми бројот на луѓето кои работата во овој сегмент на превенција за да се види дали децата се вакцинирани навреме” – изјави докторката.

Инаку, пред дваесетина дена на детска клиника почина деветмесечно бебе со туберкулоза кое беше на механичка вентилација. За овој случај се крена прашина во јавноста бидејќи имало 9 месеци а тежело само 3 килограми, но надлежните констатираа дека не потекнувало од социјално семејство.

Ања Лукарова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста