Тројца новозаболени од морбили во Штип

Тројца новозаболени пациенти од мали сипаници се хоспитализирани на Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип. Портпаролот на болницата, Марина Шуманска изјави дека вчера се примени двајца пациенти, а денеска до 11 часот еден пациент, со што во болницата сега се лекуваат вкупно 13 пациенти заразени од мали сипаници.

– Нивната здравствена состојба е стабилна, а на одделение се задржуваат само пациенти со потешка клиничка слика, вели Шуманска.

Изминатата недела поради ширење на зараза во штипска конфекција каде што заболеа десеттеминa, на лице место беа имунизирани 37 работници. Шуманска забележува дека новите три случаи не се поврзани со работниците од конфекцијата. Епидемилозите алрамираат дека постои ризик за ширење на заразата, бидејќи работниците имале контакт и со други работници, но и со своите семејства.

Здравствените работници апелираат децата кои не се вакцинирани да не се носат во игротеки, градинки, затворени простории. Штипскиот Центар за јавно здравје утре очекува да добие препораки за полесно спречување на заразата, а се очекува да се изврши дополнителна дезинфекција во училиштата и градинките во градот.