Трошоци за фирмите, повеќе работа за сметководителите

Сметководителите со поголем број на клиенти и повеќе работа откако наредната година ќе профункционира даночната реформа. Тие се само делумно подготвени за пресметка на плати, даноци и придонеси по повеќе различни стапки. Велат софтверските сметководствени системи сигурно ќе треба да се преадаптираат, што ќе повлече и поголеми трошоци за компаниите.

Откако директорката на Управата за јавни приходи најави дека поради воведувањето на нови и зголемувањето на некои даночни стапки, даночните пресметки стануваат покомплицирани и обврзниците треба да имаат професионалец кој ќе им помага во пресметките, сметководителите велат дека сигурно ќе им се зголеми бројот на клиенти.

Кога министерот за финансии ја најави даночната реформа, бизнисмените побараа одложување за 5 години, а меѓу другото алармираа дека ќе треба да платат значително повеќе за промена на сметководствениот софтвер. Дел од нив предупредија дека првите проблеми ќе се појават веднаш, уште со пресметките на јануарските плати.

Тања Попова