Трошоците на живот зголемени за 16,8% за една година

Трошоците за живот се зголемиле за фантастични 16,8% за една година, а цените на мало пораснале за дури 14,2%. Според Државната статистика најголемо поскапување има кај храната од речиси 26%. Лебот е енромно поскапен, во август годинава се продавал за дури 44% поскапо во однос на истиот месец лани.

Цените на производите растат, платите стагнираат, граѓаните тонат во сиромаштија. Државната статистика измери нов рекорд – трошоците на живот биле за 16,8% поголеми во август годинава во споредба со истиот месец лани.

Најголемо поскапување има кај храната од речиси 26%. Цената на маслото за јадење пораснала за 50%, а лебот кој се продава за дури 44% поскапо. Следуваат млекото, јајцата, сирењето кои поскапеле за 27%, месото за 23%, а сериозен раст има и кај овошјето и зеленчукот.

Поскапувања на основните производи:

Масло                              46,7 %

Леб                                  44,1 %

Млеко                              26,9%

Јајца                                 26,9%

Сирење                            26,9%

Месо                                23,3%

Зеленчук                          13,6%

Овошје                             7,3%

Комуналиите односно трошоците за домување за една година пораснале за над 17%, а транспортот за речиси 19%.

Граѓаните се жалат дека едвај преживуваат. Некои се оптимисти дека можеби ќе биде подобро, а некои се целосно разочарани од државата.  

  • Абе ние немаме држава, ние немаме ништо. Никој не мисли на нас, оставени сме сами на себе, ова веќе не се поднесува, не знам што ќе правиме. Се оди на горе, се поскапува, а ни плати, ни пензии ништо нее мрднато. Мислам дека нема ништо од се ова да биде на добро, зашто нема ни атмосфера добра, велат граѓаните пред камерата на Алфа.

Економистите по кој знае кој пат алармираат дека состојбата не чини и дека државата до сега требаше под итно да преземе мерки за ублажување на ценовното цунами.

Економистите велат дека Владата треба уште одма да ги ограничи цените на основните производи, по примерот на дугите земји, во спротивно инфлацијата ќе надмине 20%, што ќе биде погубно за сите.

Дека не очекува тежок период, веќе потврдија и меѓународните финансиски иснитуции, кои досега неколку пати алармираа дека цените ќе одат на горе, а сиромаштијата ќе се повеќе ќе продлабочува.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста