Три македонски града меѓу петте најзагадени на Балканот

epa03551505 A general view over buildings and industrial facilities during fog and smog in Skopje, the capital of The Former Yugoslav Republic of Macedonia, FYROM, on 23 January 2013. Although automated monitoring systems have been installed in the late 1990' to control the concentration of various pollutant chemicals in the air, Skopje still is suffering of severe air pollution and was - according to reports in British media - said to be one of the three most polluted cities in Europe. High air pollution concentration especially in the winter season and during inversion weather are said to be caused by additional emmissions from heating facilities. EPA/GEORGI LICOVSKI

Од црната листа на пет најзагадени балкански градови, три се од Македонија, покажува извештајот  на Светската здравствена организација. Скопје, Тетово и Битола се македонските црни претставници на градови со најлош квалитет на воздух, во друштво со Тузла од БиХ и Пљевља во Црна Гора.

Граѓаните на Македонија се молат на ветер, велат тоа е единственото нешто што ги спасува од тивкиот убиец, загадениот воздух кој зема се поголем замав полнејќи ги болниците, но и зголемувајќи ги бројките на смртни случаи.

Професорот Драги Горѓиев вели дека бројката на смртност е застрашувачка, тој потенцира дека 20 до 30 проценти од сите смртни случаи се како последица од загадениот воздух.

Дејан Докиќ пак , од клиниката за пулмологија вели дека оваа бројка зафаќа само смртни случаи, а не и они кои имаат некакви симптоми или болести како резултат на загадувањето, доколку би се изнеле податоци за таквите случаи бројките би биле изненадувачко високи.

Според СЗО  4,2 милиони луѓе во светот умираат од загаден воздух, што е повеќе смртни случаи од маларија,сида и туберкулоза заедно.

Екологистите предупредуваат дека институциите делотворни мерки мора да превземат,истото го велат и експертите. Потенцираат, координирани мерки нема, и се пристапува кон проблемот само сезонски, а така резултат не може да има.

Градинките и училиштата полупразни, родителите велат се плашат да ги пуштаат децата на настава во деновите на енормно загадување, а и голем дел од нив веќе се со бронхит, запаление, отежнато дишење.