Три лица повредени во сообраќајка синоќа во Скопје

Три лица се здобиле со повреди во сообраќајна незгода што се случила синоќа во 21:10 часот на улицата „Лазар Личеновски“ во Скопје.

Незгодата се случила меѓу патнички возила „Опел Астра“ управувана од Е.З. (26) и „Фиат Стило“ управувано од М.С. (37). По незгодата со возило на Итната медицинска помош, М.С. бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде му се констатирани телесни повреди, а возачот Е.З. и сопатничката Б.З.(21) биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде на Е.З. и биле констатирани телесни повреди, а на Б.З. биле констатирани тешки телесни повреди. Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

Вчера во 12:40 часот на граничниот премин-Табановце на влез во Македонија при пасошка контрола било констатирано дека В.И.(21) од Тетово евидирал на СТОП листа и се барал по телеграма за издржување на казна затвор.

Тој е предаден од полициски службеници од СВР-Куманово за понатамошна постапка.

Вчера околу 02 часот во Гостивар, лишен е од слобода 46-годишниот А.А. од Ростуше.

При преглед, кај него е пронајдена марихуана и е задржан во полициската станица Гостивар. Против него ќе биде поднесен соодветен поднесок