Три жртви од невремето во Хрватска и Словенија

Огромна бура со силни ветрови и пороен дожд ги погоди во средата Хрватска и Словенија. Загинаа најмалку три лица, а повеќе се повредени.Втора силна бура ги зафати Хрватска и Словенија во последните два дена по долгиот сушен и екстремно топол период. Двајца мажи загинаа во хрватскиот главен град Загреб откако врз нив паднало дрво, потврди лекарката Љупка Хитрова од итната медицинска служба.
„Имаа повеќе повреди на главата“, рече Хитрова, додавајќи дека има и други повредени. Бурата одеднаш го затемни небото над Загреб и донесе пороен дожд, со брзи ветрови околу 16 часот. Јавниот превоз беше сопрен, повеќе делови од градот останаа без струја, а повеќе улици се блокирани од паднати дрвја.

Градската служба за спасување апелираше до граѓаните да останат смирени, откако доби стотици повици за помош.

„Апелираме до граѓаните да се јавуваат само во животно-загрозувачки ситуации или кога е апсолутно неопходно“, порача градоначалникот Томислав Томашевиќ на Твитер. 

Евакуирани кампови во Словенија  

Слична ситуација и во соседна Словенија, каде силните ветрови уриваа дрвја и носеа кровови. Јавниот сервис РТВ Словенија јави дека едно лице загинало, а уште едно е повредено откако дрво паднало врз нив кај Бледското езеро.  

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста