Три жени прободени со нож во Нирнберг, нема докази за тероризам

Три жени беа прободени со нож минатата ноќ во одделни напади во германскиот град Нирнберг, а полицијата истражува дали трите инциденти се поврзани.

Полицијата наведува дека нема докази оти нападите се поврзани со тероризам.

Засега не е познато зошто напаѓачите ги раниле жените во населбата Свети Јоганис.

Правта жртва, 56-годишна жена, е оперирана по нападот. Неа на улица ја нападнал маж, кој побегнал.

Другите два напади се случиле три часа подоцна, речиси еден по друг.

Во овие два напада повредени се 26-годишна и 34-годишна жена, која се здобила со поведи опасни по живот.

Полицијата наведе дека не може да ја исклучи можноста дека едно лице ги извршило трите напади.