Триесет работодавачи добиле забрана за работа поради непочитување на мерките за топло време

Триесет работодавачи добиле забрана за работа поради непочитување на мерките за топло време.
Државниот инспекторат за труд е на терен и досега извршил 164 надзори. Кај 30 работодавачи биле изречени забрани за вршење на работа.
Поради топлотниот бран што ја зафати Македонија, Владата донесе одлука бремените жени и лицата над 60 години да бидат ослободени од работа, во установите за згрижување на децата да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот, сите правни субјекти кои вршат активности на отворено, да ги запрат активностите во периодот од 11 до 17 часот.