Трет случај на конго-кримска хеморагична треска, заболен 42-годишен велешанец
Трет случај на конго-кримска хеморагична треска во Македонија. Четириесет и двегодишен велешанец е позитивен на вирусот. Пациентот во моментот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје и е во стабилна состојба. Пациентот не знае дали бил каснат од крлеж но има убодна рана и докторите претпоставуваат дека може се заразил додека ловел риба покрај Вардар.
„Можниот начин на заразување е рибарењето, покрај дел на Вардар каде има доста влага, висока трева, треска. Епидемиолози, ветеринари, служби од Агенцијата за храна и ветеринарство и од Факултетот за ветерина се на терен за заловување на инсекти и нивно испитување. Очекуваме до вечер да имаме резултати и утре Комисијата за заразни болести да ги разгледа сите детали“, кажа д-р Стевановиќ.
Пациентот не е поврзан со претходните случаи на заразени од конго-кримска хеморегична треска.
„Со оглед на тоа дека е топло време, сакам да апелирам до рибарите, да носат високи чизми и светла облека, исто и ловџиите, како и планинарите. Здравствените работници да не го заборават основниот редовен протокол за заштита. Засега тоа е доволно“, рече директорката.
Првиот случај на конго-кримска хеморачна треска беше потврден кај 27 годишна девојка од Штип, која почина. Таа била касната од крлеж.м Вториот случај на заразен е билничарка која била во контакт со девојката од штипско за време на нејзиниот престој на Клиниката за инфективни болести.
Вирусот се пренесува на човек пред се од крлежи на домашни животни. Преносот од човек на човек може да се случи како резултат на близок контакт со крв и секрет, а смртноста достигнува и до 40%.
Ања Лукарова