Трет ден интернационален Шекспир фестивал во Битола

Денеска е третиот ден на Интернационалниот “Битола Шекспир фестивал“, а италијанската танчерска група “ Imperfect Dencers Company“ преку танц и кореографија со специфичен ракопис, преплетен со визури на класичен и модерен балет и модерни танцови сегменти со голема енергија и емоции, на битолската театарска сцена синоќа ја донесоа шекспировата трагедија “Леди Магбет“.

Оваа професионална група веќе опастојува десет години, а вечерва битолчани ќе имаат можност од нив да го проследат и “Хамлет“.
„Шекспир е фасцинација сам по себе, а знаете дека Шекспир е автор кој што може да биде пресликан во секое време и доба, и тоа е предноста да се даде свој агол на гледање во вирурата што треба да се даде на една претстава- рече Валтер Матеини, кореограф и танчер.- Нашата работа не е само класични чекори. Ние имаме нешто што мора да го извадиме од себе и таа наша емоција да и ја предадеме на публиката“, рече Ина Брукс, режисер и актерка.

Седмото издание на овој фестивал ја привлече младата публика, за која, покрај изведбите на делата од Шекспир е обезбедена и разновидна оф- програма.

„Битолскиот народен театар станува некаква точка и центар во кој што се собираат младите интелектуалци кои се уште се останати во градот и токму затоа, сакавме цел пакет да обезбедиме за младите луѓе кои гледаат театар, а потоа да можат да се опуштат со пијачка и да разговараат за она што го виделе“, рече Илина Чоревска, уметнички директор на фестивалот и на БНТ.

Во наредните денови, ќе се претстават актери од “Наве тетарот“ од Шпанија со претставата “Јулија и Офелија, доживотни самоубиства“, Класичниот театар “Јан Славик“ од Романија ќе ја изведе пиесата “Розенкрац и Гилденстерн се мртви“, а завесата ќе биде спуштена во петок со “Кралот Иби“ на Драмаскиот театар од Скопје.

Пеце Стефановски