Трет ден беснеат пожарите на грчкиот остров Евија (Видео)

Трет ден борба со огнената стихија на островот Евија.Стотици пожарникари се во битка со над 50 пожари.

Голем дел од населението е евакуирано од страв дека огнот може да стигне и до куќите.Жителите на окрузите Макримали и Платана на островот велат дека преживеале уште една стресна ноќ поради повторно активирање на пожарите.

Пожарот на Евија избувна во вторникот наутро, на подрачјето на Агрилица, и брзо се прошири поради силните ветрови.

Околу 400 пожарникари се бореа на непристапниот терен за да го надвладеат пожарот во текот на ноќта.

И покрај сите овие напори, пожарот сè уште беснее низ клисурата уништувајќи огромен број на дрвја. Грчките власти предупредуваат на голем ризик од пожари и следните денови.