Трета жртва на морбилите-Почина 14-месечно бебе

Морбилите однесоа уште една жртва. 14-месечно бебе од тетовско починало утрово на скопските клиники.

Информацијата за Алфа ја потврдија и од Министерството за здравство.

Ова е третото дете жртва на морбилите.

Заразено од мали сипаници, почина бебе од Свети Николе, а животот го загуби и 6-месечно бебе исто така од компликации предизвикани од морбили.

Уште неколку деца се наоѓаат во критична состојба, а бројот на заразени од морбили, расте секој ден.