Тренчевска контра пензионерите : Не ги избркала таа, туку ја навредиле

Не е вистина дека пензионерите беа избркани со обзбедување , туку состанокот го прекинав бидејќи бев навредена –  вака се брани Миистерката за труд и социјална политика за случајот на прензионерот Трајче Станојков кој кажа дека Тренчевска повикала обезбедување да го избрка од Владата, додека траеше состанокот за нивните барања за покачување на пензиите.  Министерката тврди дека ги примила во Владата со добра волја, а  тоа што се налутила и го прекинала состанокот  немало никаква врска со прашањата од пензионерите – како може да најдат пари за зголемување на платите на функционерите , а за пензионерите да нема.

Според пензионерите , на состанокот пред два дена во Влада имало жестока дискусија кога ја прашале министерката дали меѓународите претставници во земјава знаат како таа се однесува со нив. Оваа дискусија, според Станојков ја изреволтирала министерката, ба во недостаток на одговор ги избркала.

Пензионерите со недели се на улица  за да го изразат својот револт за малите пензии, со кои како што велат , не можат да живеат .   Бараат линеарно покачување на пензиите од 3500 денари, а не процентуално или минална пензија од 18 . 000 денари . 

Додека на +30 пензионерите се на улица,  Министерката последно вели дека се  формирани работни групи  и се дискутира . Според она што го изјави, во работните групи очигледно не се зборува за покачување на пензиите, туку тие биле фокусирани на поголем број на мерки во поглед на здравствените услуги за пензионерите, и за социјални мерки за подигање на нивниот животен стандард.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста