Треневски за Алфа: Настапот на Османи само потврдува дека власта очајнички се обидува да ја продаде и спроведе лажната слика на преговарачката рамка

Бура рекации во јавноста и на социјалните мрежи за вчерашните предавања на првиот дипломат Османи, кој со креда црташе на македонската јавност, зошто било добро да ги прифатиме бугарските барања. Критикуваат експерти, дипломати, новинари, кои реагираат за начинот на кој Османи продолжува да ја турка агендата на власта за која нема политички консензус, ниту пак поддршка на огромното мнозинство од граѓаните.

За дел од упатените, настапот на Османи само потврдува дека власта очајнички се обидува да ја продаде и спроведе лажната слика на преговарачката рамка. Поранешниот дипломат Мартин Треневски во изјава за Алфа го критикува потегот на Османи и предуупредува оти Бугарија и Грција уште по ревносно ќе продолжат да не блокираат во процесот на преговори, бидејќи очигледно нема кој да ги спречи.

  • „Еден очајнички обид, ако може да се делува, да се убеди уште некој во исправноста на преговарачката рамка. Особено ми е дегутантно оној графикон што го правеше. Тој е медицинар, тоа не е негова област, така што, невкусно е.“ – Вели поранешнопт амбасадор на Македонија во НАТО, Мартин Треневски.

Тој додава и дека е очигледна нервозата кај власта поради огромниот домашен отпор. Според Треневски тоа е и очекувано со оглед на штетните договори кои власта ги потпиша со Грција и Бугарија, за кои смета дека насилно биле подметнати и сега содржани во преговарачката рамка. Треневски смета дека се ова било смислено за легализирање на сите подземни сценарија од страна на соседите:

  • „Преговарачката рамка јас ја гледам како едно кукавиичко јајце кое што ни го подметнуваат, она што го прават илегално, преку свои јатаци, да потплатуваат за бугарски пасоши, за бугарски клубови и не знам што се не ќе им падне на памет, да можат институционално, евентуално, недајбоже, вклучени во уставот, да си го прават сосема легално.“ – Додава тој.

Треневски смета дека единственото решение за излез од оваа гео-политичка ситуација е Македонија да се повлече од преговарачката рамка со Европската Унија. Додава оти во меѓнародната заедница има разумни луѓе кои нема да остават Македонија да претставува политичка празнина во Европа и ако сме истрајни до крај, ќе мора да се изнајде друго, по праведно решение.

Никола Цветкоски

Advertisements

Поврзани вести