НАЈНОВИ ВЕСТИ

Треба ли да го жртвуваме она што се бара од нас?-дилема на меѓународната конференција за улогата на НАТО во стабилноста на Западен Балкан

Тивка дипломатија ја нарушува стабилноста во Македонија,земја која никако не може да постигне напредокво процесот на европските интеграции,овој пат поради Бугарија која постојано наоѓа нови и нови причини.За универзитетскиот професор Мехмедин Тахировиќ симптоматично е зошто Бугарија го прави тоа токму сега.Тој го отвора прашањето дали позади сето ова се крие создавање на нови услови за прекомпозиција на Балканската мапа.

Многу е симптоматично зошто Бугарија молчеше цело време додека се случуваа проблеми помеѓу Македонија и Грција, па потоа прифати 500.000 државјани на Македонија и сега располагајќи со таа бројка,говори дека македонците се бугари, дека зборуваат бугарски јазик,дека македонскиот јазик е вештачки јазик, тоа се се аргументи кои ги истакнуваат пред европратениците и на тој начин го кочат процесот на Македонија за успешен влез во ЕУ.Дали има уште нешто што се крие зад тоа,дали станува збор за прекомпозиција на териториите и содавање на нови одредени мапи на Балканот ,ќе видиме”-вели Тахировиќ

Многу добро ве разбирам дека е многу тешко да се разговара за прашања како што се националниот идентитет, националната историја,но и други држави пред да станат членки на ЕУ мораа да поминат низ овој процес-вели германскиот дипломат Ото Граф.

Во основа разбираме дека тоа е еден емотивен момент, но ако се гледа од математички аспект, кога бугарите ќе бидат вметнaти во уставот, тогаш и јасно ќе се знае дека бугарите не се македонци и ќе се избегнат дебати по прашањето дали македонците се бугари и обратно.Со ставањето на бугарите во уставот се знае дека тие се посебен народ”-вели Ото ГраФ

Никој не го спори евроатланското членство, но ние прво треба дома да ги поправаме работите, и пред се да видиме дали воопшто треба да платиме цена каква што сега се бара од нас – сметаат домашните експерти.

 “Друга работа е исто така да видиме што од тие евроатлански вредности нам ни треба.Дали ние треба да си ја напишеме прво домашната работа и да видиме дали всушност со евроатланските интеграции ние навистина треба да го жртвуваме она што се бара од нас да го жртвуваме, или можеби треба да жртвуваме нешто друго. Можеби треба да си ги попрвиме дома работите, да ги постигме тие евроатлански вредности, па тогаш да разговараме за тоа дали навистина сакаме да влеземе во тој круг или да не влеземе-вели универзитетскиот професор Методи Хаџи Јанев

Корупцијата, лошото владеење, немањето единство се изори кои што можат да бидат искористени за постигнување на поинакви цели кои не се за доброто на граѓаните на државата.Се додека нема единственост на внатрешен план, ќе имаме ваков проблем и секогаш ќе бидеме ранливи.Ние имаме заедничка цел, но немаме единство-завршува Хаџи Јанев.

Росица Голабоска