Трам го осуди испраќањето сомнителни пакети со експлозив

Американскиот претседател Доналд Трамп го осуди обидот да се испратат сомнителни пакети во домот на поранешниот претседател Барак Обама, во домот на поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, која му е сопруга на поранешниот претседател Бил Клинтон, како и во седиштето на медиумот Си-Ен-Ен и компанијата Тајм Ворнер.

Трамп на Твитер ја сподели пораката на потпретседателот Мајк Пенс и рече дека „целосно се согласува“.

И Белата куќа веднаш ги осуди обидите да се нападнат претседателот Обама, поранешниот државен секретар Клинтон, како и други јавни личности