Трамп со итна наредба ги приземји сите Боинг 737 Макс авиони кои летаат во САД

An American Airlines Group Inc. Boeing Corp. 737 Max 8 aircraft approaches to land at Miami International Airport (MIA) in Miami, Florida, U.S., on Tuesday, March 12, 2019. Since shortly after the dawn of the jet age, the world has followed the U.S.'s lead on aviation safety. Now, in a remarkable rebuke, nations from the U.K. to Australia have rejected public reassurances from the Federal Aviation Administration and grounded Boeing Co.'s 737 Max jet. Photographer: Scott McIntyre/Bloomberg via Getty Images

Триесеттина Боинг 737 Макс авиони летаа над американското него во моментот кога претседателот Доналд Трамп најави дека откако ќе пристигнат на нивните дестинации, ќе биде забрането нивното идно летање.

Тој соопшти дека зборувал со повеќе авио-компании, со Канада и со други земји пред да ја донесе оваа одлука која е најдобра „од психолошки и други аспекти“, пренесуваат американските медиуми.

Трамп додаде дека американската воздухопловна агенција и Боинг биле согласни со оваа мерка.

„Пилотите се информирани, компаниите се информирани и се согласуваат. Безбедноста на Американците и сите луѓе е нашата главна преокупација“, изјави Трамп.