Трамп со закани кон европските автопроизводители на возила!

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со воведување царини за увоз на автомобилите на големите европски автопроизводители, како “BMW” и „Mercedes“, доколку не отворат свои погони во САД.

 Тие го имаат “BMW”, го имаат „Mercedes“. Имаат многу добри возила кои влегуваат во САД. Сакам да ги произведуваат овде. Ако сакате да ги продавате автомобилите на Американци, произведувајте ги овде, им порача Трамп на европските автомобилски компании во интервју за „Фокс Бизнис Нетворк“.

Тој нагласи и дека ги одбил предлозите на Европската Унија, кои предвидувале царините за автомобилите на двете страни „да бидат сведени на нула“.