Трамп предложи рекорден буџет – 4,7 трилиони долари

Американскиот претсeдател Доналд Трамп предложи рекорден буџет од 4,7 трилиони долари за буџетската година што почнува на 1 октомври.

Предлог буџетот предвидува поголеми финансии за Пентагон како и за ѕидот кон Мексико.

Челници на демократите веднаш го отфлрија планираниот буџет што најавува нова жестока борба само неколку недели по прекинот на делумната блокада на федералната влада што траеше 35 денови, најдолго во историјата на САД.

Американски медиуми јавуваат дека буџетот на Трамп „најверојатно ќе умре“ во Конгресот, но ќе живее во неговата кампања за реизбор во 2020 година.