Трамп: Не знам дали Матис ќе се повлече, тој е некаков демократ

FILE PHOTO: U.S. President Donald Trump (L) is introduced by Defense Secretary James Mattis (R) during the commissioning ceremony of the aircraft carrier USS Gerald R. Ford at Naval Station Norfolk in Norfolk, Virginia, U.S. on July 22, 2017. REUTERS/Jonathan Ernst/File Photo

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е сигурен дали американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис, планира да се повлече од функцијата, но за „Си-Би-Ес” рече оти пензионираниот генерал може да поднесе оставка и дека Матис го смета за „некаков демократ”.

Трамп го изјави тоа во однапред снимено интервју, кое ќе биде емитувано во  емисијата „60-минути“ на оваа американска телевизија.
-Тоа би можело да биде така, одговори Трамп, на прашањето дали Матис планира да земине од функцијата.

– Мислам дека тој е како некој вид демократ, ако ја сакате вистината. Но, генералот Матис  е добар човек,. Ние многу добро се согласуваме. Можно е да замине, рече Трамп.