Трамп изрази жалење за најавената оставка на Меј

Американскиот претседател Доналд Трамп пред заминување во Јапонија пред новинарите изрази жалење за оставката на Тереза Меј која вчера ја најави за 7-ми јуни.

Последните месеци американскиот претседател не штедеше критики кон Меј , иако британската премиерка се обидуваше да ги задржи добрите односи. Сепак и покрај тоа Трамп изјави дека многу ја почитува и порача дека таа е вредна и силна.
Американскиот претседател исто така изјави дека ќе се види со Меј за две недели, мислејќи на неговата посета во Велика Британија на 3-ти јуни.

Трамп ќе го посети Лондон на почетокот на јуни , во чест на годишнината на офанзивата на Нормандија. Тоа воедно на Тереза Меј ќе и биде и последна протоколарна активност како премиер.