Трамп: Дури и нелегалната истрага покажа дека немаше соработка со Русите, срамно е што Америка мораше да помине низ ова

Американскиот претседател Доналд Трамп триумфално изјави дека дури и нелегалната истрага која ја водел специјалниот обвинител Роберт Мулер покажала дека нема сомнежи за соработка меѓу тимот на Трамп и „Русите“ во кампањата за избор на претседател во 2016 година.

„Ова беше нелегален обид за да се наштети на Претседателот и овој обид пропадна. Срамно е што Америка мораше да помине низ ова. Се надевам дека ќе има нова истрага и кон другата страна, истрага која ќе покаже зошто ова се случуваше“, рече Трамп, алудирајќи на таборот на демократите.

По двегодишната истрага спроведена од американското Министерство за правда, специјалниот обвинител Роберт Мулер во писмо кон Конгресот соопшти дека ниту Трамп ниту неговите соработници соработувале со Русија.

Од самиот почеток на истрагата Трамп отфрлаше каква било поврзаност на луѓе од неговата претседателска кампања со Русија, оценувајќи дека тоа претставува „лов на вештерки“.