Трамп: Делумната блокада на Владата ќе трае се додека е потребно

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека делумната блокада на Владата, која почна на 22 декември, ќе трае „се додека е потребно“.

Во првото обраќање годинава на состанок на Кабинетот во Белата куќа, Трамп рече дека блокадата на Владата, која беше предизвикана од неговото барање Конгресот да одобри повеќе милијарди долари за изградба на ѕид на границата со Мексико, би можела да трае уште долго, или брзо да заврши.

Тој најави дека функционери за внатрешна безбедност на брифинг на лидерите на Конгресот во Белата куќа ќе упатат молба за изградба на ѕидот на границата со Мексико.

Трамп исто така ја одби понудата на неговата администрација да прифати 2,5 милијади долари за изградба на ѕидот.