Трамп во Белград, прва дестинација Скадарлија

По посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Белград, и член на семејството Трамп се упати во главниот град на Србија. Но, не се работи за американскиот претседател, туку за неговата ќерка Тифани, јавуваат српските медиуми.

Според нив, Тифани Трамп таму ќе престојува десетина дена. Медиумите дознаваат и дека најмладата ќерка на американскиот претседател синоќа со друштво и со музика се забавувала на Скадарлија.

Тифани, која студира право и се занимава со манекенство, била во придружба на своето момче Мајкл Булос, кој живее во Велика Британија. Тифани и Мајкл планираат да останат во српската престолнина 11 денови, пренесува „Прва ТВ“.