Традиционално за Водици во Скопје се одржува и Пивтијада. Со скопска Автокоманда во организација на општина Гази Баба. Во рамки на културниот дел на манифестацијата настапија Влатко Миладиновски, Бојана Скендеровски, Миле Кузмановски и Групата Аманет.

Манифестацијата имаше културен, натпреварувачки и хуманитарен карактер. Во рамки на натпреварувачкиот карактер на манифестацијата граѓаните ќе имаа можност да се натпреваруваат со најубаво украсена пивтија. Комисија од општината ќе изврши избор на три најубаво украсени пивтии и истите ќе бидат наградени, информираа од општината. 

Во хуманитарниот дел од манифестацијата секој граѓанин преку купување на пивтија ќе има можност да донира, по што собраните средства ќе се донираат во хуманитарни цели. 

Со градоначалник на општина Гази Баба, Бобан Стевковски разговараше Борис Грујоски

Advertisements