НАЈНОВИ ВЕСТИ

Трагедија во штипско , 27 годишна жена почина по убод од крлеж

Убод од крлеж бил кобен за 27 годишна жена од штипско . Таа почина на инфективната клиника во Скопје како последица на конго-кримска хеморагична треска , која ја добила од каснување од крлеж .  Жената го извадила крлежот дома, а на клиниката во Штип се јавила по неколку дена откако и се појавиле сериозни симптоми .  На инфективното одделение  во болницата во Штип,  била примена во неделата, а откако и се влошила состојбата во вторникот била препратена на инфективната клиника во Скопје .   Два дена подоцна, во четвртокот и била поставена дијагнозата од Инстутот за јавно здравје, а истиот ден жената починала .

„Се работи за 27-годишна жена од село Кучица, Штип која поради брзо прогресирање на болеста починала истиот ден. Направена е епидемиолошка анкета за пациентката по што дознавме дека била касната од крлеж, кој бил изваден во домашни услови, велат од институтот за јавно здравје, велат од Институтот за јавно здравје.

Конго-кримската хеморагична треска е болест која се пренесува или од каснување од крлежи или преку контакт со заразена крв . ИЈЗ извршиле епидемиолиошка анкета на контактите со жената  и тестирани се четворица кои се негативни . Контактите кои се проценати дека се од среден и висок ризик 14 дена ќе бидат под здравствен надзор  . Втор тим од епидемиолози од Инстутот за јавно здравје направил увид и на Инфективната клиника .

Тим од одделот за епидемиологија при ИЈЗ, во соработка со епидемиолог од ЦЈЗ Штип веднаш направи увид во селото, клиничката болница Штип и Итната медицинска помош Штип

Случајот на 27 годишната жена е втор во Македонија во изминатите 23 години . Претходно , лабораториски е потврден еден случај во 2010.

Кристина Алексиеска