Трагедија во Св. Николе: Се обидел да ја убие девојката во која бил вљубен, а потоа се самоубил

Поради невозвратена љубов пробал да ја убие, а потоа се самоубил.

Крвава драма се случи утринава околу 7.50 во центарот на Свети Николе. Со пиштол 43годишниот маж со иницијали Т.А. пукал во 32-годишната девојка со иницијали О.Б., а потоа и во себе.

Според кажувањата на светиниколчлани тој со својот автомобил ја начекал додека одела на работа и почнал да пука во неа.

Во целата несреќа и среќа што девојката изреагирала соодветно и од смрт успеала да се спаси криејќи се позади автомобил. По кратко време тој излегол од својот автомобил кој продолжил да се движи по улицата и се самоубил. 32-годишната девојка се здобила со повреди и е надвор од животна опасност, информираат од штипската Клиничка болница, каде што е и хоспитализирана.

Александра Ристевска

Advertisements