Трагедија во Русија: Тринаесет загинати во пожар на авион

Најмалку 13 лица загинаа денеска, а шестмина се повредени при принудно слетување на патнички авион на руската компанија „Аерофлот“, кој се запалил на московскиот аеродром Шереметјево, објавија руските медиуми.

– Според најновите информации 13 лица загинаа, а шестмина се повредени. Еден број од патниците се водат како исчезнати, истакна неименуван извор.

Во авионот Сухој Суперџет-100, произведен минатата година, се наоѓале 73 патници и шест членови на екипажот. Компанијата „Аерофлот“ потврдила дека моторите на авионот на летот СУ1492 од Москва до Мурмански се запалиле при принудното слетување на московскиот аеродром.

– Авионот се врати на аеродромот од технички причини. Огнот е изгаснат. Медицинска помош им е укажана на сите што било потребно, се наведува во соопштението.

Веднаш е формирана комисија за истрага на причините за авионската несреќа. Можно е пожарот на го предизвикал гром, кој удрил во моторот на авионот.

Радарот за следење летови Флајтрадар 24 покажал дека авионот направил два круга околу Москва и слетал по 45 минути.

Медиумите наведуваат дека задниот дел на авионот целосно изгорел, а спасувачките екипи се обидуваат да пронајдат преживеани.