Трагедија во Банско – двајца туристи загинаа во снежна лавина

Трагедија се случи денеска во познатиот ски центар Банско во Бугарија. Снежна лавина одзеде два животи. Едниот сноубордист загинал на лице место, додека другиот бил извлечен од затрупаниот снег, по што им подлегнал на повредите.

Како што јавуваат бугарските медиуми, лавината се случила околу 12 часот, а претхнодно веќе имало издадено предупредување за можна лавина.
Според првичните неофицијални инфромации, загинатите туристи се грчки државјани.