Тошковски: Со пресудата против Алфа е прекршен законот за облигациони односи

Со непочитување на законите и доказите Кривичниот суд донесе првостепена пресуда за наводно затајување на данок на штета на Телевизија Алфа. Адвокатот Панче Тошковски е дециден дека Судскиот совет го прекршил законот за облигационо право со самото тоа што не го земал предвид фактот дека за застарување на делото е потребно да поминат пет години од последната трансакција која се реализира помеѓу две страни.  Првостепената пресуда е нејасна во најмала рака, бидејќи досега нема пракса во која судот носи одлука спротивна на доказите кои произлегуваат од супервештачењето, кое се изработува пак на барање токму на истиот Судскиот совет во постапката.

  • Имаше две вештачења, едно на обвинителството, едно на одбраната кои што беа спротивставени, односно обвинителството тврдеше постои даночно затајување, а одбраната тврдеше дека во конкретниот случај не може да стане збор за даночно затајување. Судот нарача супервештачење, супервештаците во целост го потврдија вештачењето на одбраната. Но, судот одлучи како што одлучи. Со оваа пресуда се воспоставува една многу лоша правна пракса со која може да се каже дека судот си дозволува да го отфрли вештачењето кој сам си го нарачува и пракса со која се дерогира законот за облигациони односи кој е повеќе од јасен за сите правници….“ вели адвокатот на телевизијата, Панче Тошковски,

Одбраната секако ќе ја обжали ваквата пресуда, вели бранителот на телевизијата и се надева дека повисоките судски инстанци ќе ги ценат реално доказите.

  • Јас сум фрапиран како адвокат, со кое образложение судот оцени дека мојот штитеник е виновен за сторено кривичното дело за кое обвинителството го гонеше..? Но сепак надежта последна умира, се надеваме дека повисокиот суд, Аплелациониот суд, ќе навлезе во доказите и ќе ги цени ваквите тези од вештачењата, и се надеваме на правична, праведна и прецизна законита пресуда“ вели адвокатот Тошковски.

Инаку, Кривичниот суд пресуди дека „Алфа Скоп“ наводно не платила данок од 84 илјади евра во 2013 и 2014 година, ја задолжи да ги плати судските трошоци од околу 1 200 евра и дополнително ја казни со 5 илјади евра. Сите докази ја потврдуваа одбраната, но судот одлучи спротивно и во пресудата не наведе ниту една причина зошто ја осудува телевизијата.

Викторија Миткова

https://youtu.be/qAMINO1r6qI
Advertisements