Торнадо беснее низ Америка седум луѓе повредени (Видео+Фото)

Северното подрачје на САД денес беше погодено од Олуја и торнадо, а во близина на аеродромот Талса, во Оклахома, најмалку едно лице било повредено, а повеќе од 10 куќи биле оштетени.

Торнадото не го оштетило аеродромот, меѓутоа патниците биле одведени во скривници на половина час, а многу летови биле одложени или откажани.

Еден човек се здобил со повреди за време на бурата кога над него паднало дрво, а неговата состојба, сеуште не е позната.
Олујите би можеле да предизвикаат појава на торнада и поплави во делови на Арканзас, Илионис, Канзас, Мисури и Оклахома.

Во олујата која во понеделникот ги погодила камперите во округот Хикори во Мисури, седум лица се здобиле со повреди, од кои четворица биле хоспитализирани. Во Оклахома поради поплави бил затворен патот Ел Рено, на околу 40 километри западно до Оклахома.

Во Ел Рено и Стилвотер, каде има и Државен универзитет, спасувачите извлекувале луѓе од куќите.