Топлото време и аерозагадувањето „им отвори“ работа на докторите во Штип

Покачената телесна температура ги полни ординациите, но и детското одделение во штипската Клиничка болница. Само во последните две недели во штипскиот Центар за јавно здравје сезонски грип е регистриран кај 34 пациенти. Најголем број се деца до 14годишна возраст.  Висока температура, кашлица, малаксаност, растечен нос- вирусните инфекции силно удрија по граѓаните.

  „Најчесто пациентите се жалат на болка во грло, сува кашлица, , мускулна болка, главоболка , висока температура до 40степени којашто може да трае и по два до три дена. Намален апетит, гастрични тегоби„-изјави д-р Валентина Митров, специјалист по семејна медицина.

Лошата здравствена состојба според лекарите во најголем дел се должи и на аерозагадувањето . Големата концентрациција на штетни материи во воздухот се добра подлога за појава на голем број на крдиоваскуларни и белодробни заболувања

  „Сите елементи што ги има еден загаден воздух предизвикува да не дојде до размена на кислород за подобро функционирање на дишните патишта. Луѓето што живеат во подрачја кадешто има голем процент на загаденост се подложни и на многу други зболувања како на пример астма, ХОПП и  пневмонија„-изјви д-р Влентина Митров, специјалист по семејна медицина.

Пациентите со симптоми на грип и во изминатото деноноќие биле најчестите кои барале помош во Итната медицинска служба во Штип. Со висока температура и малаксаност на детско одделение во штипската болница  се хоспитализирани околу дваестина дечиња. 

Александра Ристеска

Advertisements