Топлотен бран во македонија со температури над 40 степени – да се почитуваат препораките за заштита!

Земјава деновиве е зафатена од топлотен бран со температури и над 40 степени Целзиусови, со УВ индекс 10. Особено топло, според прогнозата на УХМР, ќе биде во четврток и петок кога ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.

Лекарите препорачуваат да се избегнува излегување надвор во периодот од 10 до 17 часот, неопходните работи граѓаните да ги завршуваат пред 10 или по 17 часот, и да се почитуваат препораките од Центарот за јавно здравје.

Во најтоплиот период од денот да се избегнуваат напорни физички активности, вклучувајќи спорт и рекреативни активности, да се седи во затворени климатизирани простории, со затворени прозорци и ролетни во текот на денот. Прозорците да се отвараат навечер кога температурата е пониска.

При неопходен престој на отворен простор, да се избегнува директна изложеност на сонце, со почести одмори под сенка.

Кога станува збор за облеката, да се носи светла и лесна облека, најчесто од природни такенини (памучни, ленени), да се стават заштитни очила и капа.

Препорачливо е внесување големо количество течности, најдобро вода, може и минерализирани безалкохолни пијалоци, а да се избегнува консумација алкохолни и пијалоци што содржат кофеин, како и екстремно студени пијалоци.

За време на екстремно високи температури да се внесува помало количество храна, таа да не биде мрсна и високо-калорична храна, да се избегнува и храна што содржи поголемо количество шеќер.

Добро е туширање со студена вода повеќе пати во денот, може и ставање студени облоги и држење на нозете во студена вода.

За оние што се во возило се препорачува оставен отворен прозорец, за да се овозможи вентилација на воздухот. Целосно затворените возила стануваат многу жешки. Не оставајте никого во возилото, препорачуваат од Цетарот за јавно здравје.

Хроничните болни, посебно тие со срцеви, невролошки и белодробни болести, потребно е да бидат многу дисциплинирани во однос на овие препораки и редовно да ја земаат својата терапија. За секакви промени на здравствената состојба, задолжително да го консултираат матичниот доктор.

Кога станува збор за храната, задолижитечно е миење пред употреба на свеж зеленчук и овошје. Термички подготвената храна да се конзумира веднаш после подготовката. Остатоците да се стават во ладилник на температура до осум степени Целзусови. Да се избегнуваат производи што не се термички обработени (домашен мајонез, сладолед, разни кремови).

Министерството за труд и социјална политика преку соопштение ги повика работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во центрите за социјална работа и во Црвениот кр

Препорачкиви се консултации со лекар доколку се почуствуваат невообичаени симптоми што траат подолго време.

-Ако чуствувате зашеметеност, слабост, вознемиреност или чувство на интензивна жед и главоболка, побарајте помош, преместете се на постудено место, колку што е можно побрзо, и измерете ја својата телесна температура. Веднаш напијте се вода или негазиран минерален пијалок за да се рехидрирате. Ако имате болни грчеви во мускулите на нозете, рацете и стомакот, што побрзо одморете се на постудено место и напијте се течност што содржи електролити. Медицинска помош е потребна ако грчевите траат подолго од еден час, се посочува во препораките.

Во случај на посериозни здравствени проблеми, веднаш да се контактира у повика Службата за итна медицинска помош на телефонскиот број 194.

УХМР соопшти дека времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 23, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. УВ индексот ќе биде 10.

Во Скопје сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Под влијание на топол бран следува период на стабилно и многу топло време со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35 степени, а утринските во Скопје и во јужните делови нема да се спуштаат под 20 степени. Особено топло ќе биде во четврток и петок кога наместа температурата ќе надмине 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста