Топлотен бран во Македонија – денеска и утре портокалова фаза низ цела држава

Македонија повторно во портокалова фаза, топлотниот бран ќе продолжи и тоа со температури и над 40 степени. Надлежните апелираат денеска и утре особено да се внимава и да не се излегува надвор без потреба, особено меѓу 11 и 17 часот.  Aпелираат до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита за да се намали ризикот од последици по здравјето од топлотниот бран.  

Подолго време изложеност на топлина може да предизвика исцрпеност и топлотен удар, што дополнително ја влошува здравствената состојба на лицата кои веќе имаат некоја хронична болест. На ова треба да внимаваат и постарите лица, оние кои работат на отворено, бремените жени и другите ранливи категории. Препораките од лекарите пак остануваат исти како и во досегашниот период, тие велат дека поголем проблем се наглите промени на температурите, отколку самиот топлотен бран со кој се соочуваме секое лето. Не треба да се изостави и ковидот кој дополнително ја отежнува ситуацијата и кој е се уште се шири, без разлика колку е сончево или топло времето.

Самиот топлотен бран веќе и пациентите наназад знаат точно кои се препораките и гледаат да ги избегнат состојбите. Има пациенти, јас повеќе би апелирал на оној ден на промена на температурна разлика кога имаме промена од топло на ладно или врнежливо време па наредниот ден кога ќе дојде ваков силен топлотен бран. Бројот на пациентите е стабилен секоја година овој период. Генерално сега повеќе гледаме пациенти кои што се сега повторно ковид позитивни инаку како резултат на топлотниот бран и не толку многу. Повеќе пак ќе нагласам промената на времето е она кое што им влијае на пациентите“ – вели Д-р Бојан Трајковски..

Портокаловото ниво на опасност ќе биде активно овие два дена во цела Македонија. Се очекува утре во текот на ноќта температурите малку да паднат поради зголемена облачност и можна појава на врнежи. 

Бојана Златкова