Топла ноемвриска сабота: Високи температури денеска во Македонија

Во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од пет до 13, а дневната од 19 до 27 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 23 степени.

Ќе продолжи периодот на стабилно и суво време со повремено зголемување на облачноста. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Од недела температурата ќе биде во постепено опаѓање.