Тоа што Американците го видоа одалечени на 8.000 километри за Мерко, Судскиот совет не го виде во Струга

Не Судскиот совет, туку обвинителството треба да најде докази дали Рамиз Мерко вршел влијание и притисок врз судиите и судските предмети.Правниците јасно потенцираат дека го очекувале ваквиот исход од проверките кои членови на Судскиот Совет го правеа во струшкиот затвор за предмети во кои е инволвиран градоначалникот Мерко. Впрочем, ниту имаше потреба Судскиот совет да прави проверки и да го правда Мерко, бидејќи највисокото судско тело не е орган за прогон. Сега на потег е обвинителството – дали ќе успее да го виде она што го виде американскиот Стејт Департмент а тоа е дека Мерко во свои раце ги држел судските предмети против него. Поранешениот претседател на Судскиот Совет, Зоран Караџовски децидно потенцира дека обвинителите ги знаат сите канали за можност за влијание и корупција.
- „Судскиот совет не е орган за прогон. Орган за прогон е ЈО. Со самото контролирање односно прегледување на предметите, колку и да се на број, без разлика дали се во Струшкиот суд или во друг, треба да се утврди самото постапување на обвинителите. Тие добро го знаат тоа, тие се орган кој истражува и имаат голема палета на можности за да утрди дали некој напраивил кривично дело,“ вели Караџовски за Алфа.
Обвинителството е зарабена институција и јавноста многу да не очекува од контролата на обвинителите во предметите за Мерко. Поранешниот обвинител Воислав Димовски не се надева дека и извештајот на ЈО ќе биде како и на Судскиот совет, односно без никакви последици по струшкиот градоначалник.
- „Вниманието на јавноста треба да е насочено кон онаа мисија што ја праваше републичкото јавно обвинителство врз основното обвинителство и врз ОЈОГОКК, ако смеат. Во тие две обвинителства има предмети кои се работат против Мерко. Ние треба да бидеме реалисти и да не очекуваме премногу од контролата која ја правеше. Конталацијата внатре во Обвинителството и односите внатре е дека таа институција е заробена. Јас како инсајдер тоа ви го тврдат. Затоа ќе треба поинаква, малку, политичка клима за реално да се расчистат тие работи за тоа дали имало влијание врз предметите. Најдобро би било тој процес да оди паралелно со процесот на проверка на имотите на тие обвинители кои биле вклучени во тие предмети… “ вели Димовски за Алфа.
Инаку во очи на Оценската мисија која ги тресеше канцелариите на Судскиот совет, три члената комисија презентираше дека немало пропусти во предметите за Мерко, струшкиот градоначалник не вршел влијание и притисок. Сериозните обвинувања за влијание и корупција во судот во Струга беше доволно Мерко и неговото семејство да ја збогатат американската црна листа.
Викторија Миткова