Тито ова не го можел ниту на виц: Ова е претседателот кој „вози“ цела нација

Претседателот на Туркменистан Гурбангули Бердихумамедов е познат како лидер кој обожава да го негува култот кон сопствената личност, кој како култ, имајќи го предвид неговиот претходник, може да се земе како заштитен знак за неговата земја.

Заборавете на сите медиумски финти на Путин, заборавете на сите вицеви за Тито (во кои Тито победува). Гурбангули ги води сите со километри. Во најновото видео кое го објави, тој покажува повторно еден од своите (пре)многу таленти за кои нескромно и овозможува увид на својата јавност – професионално возење автомобил.

Покрај возење (профи, рака на срце), Гурбангули досега на своите граѓани им демонстрирал и дека знае да пее (и рапува), свири, компонира и пушта музика (аха, и Диџеј е), па знае да јава коњи, да игра голф…

…и да биде Рамбо, кога треба да се покаже „од што е направен“.

Инаку првиот човек на Туркменистан знае и да поправа заби, но тоа го учел на факултет. Всушност, Гурбангули е првиот стоматолог кој води држава во светот, а е вториот претседател на Туркменистан после нејзиното одвојување од Советскиот сојуз на почетокот на 90-тите.

Неговиот претходник Сапармурат Нијазов не беше ништо помала „точка“ од него – односно Гурбангули учеше од најдобриот. Нијазов беше најпознат по тоа што преименуваше денови во неделата и месеци според своето и имињата на членовите на неговото семејство. И сепак од власт замина поради неодложни причини – смрт.

На неговото место дојде Гурбангули кој веќе трет пат по ред изборите ги добива со повеќе од 95% од гласовите. А како и нема да ги добие, кога го може ова:

*Не знаеме што значи баш „ова“, но чисто како опис: Гурбангули дига златен тег, а оние кои аплаудираат му се министрите во владата на земјата која е шеста по ред на листата на земји со најголеми резерви на природен гас, а втора на листата на најзатворени земји во светот – после Северна Кореја. Иако, приматот на Ким Јонг-Ун е сериозно, сериозно загрозен од Гурбангули велики.