Тинејџер загина во престрелка во САД

Еден тинејџер е убиен, а две лица се повредени во престрелка во трговски центар во Алабама, пред распродажбата за „Црн петок“ (Black Friday).

Локалните власти соопштија дека престрелката се случила половина час после 21 часот по локално време во четврток навечер, во Риверчејс Галерија во градот Хувер. Полицијата истакна дека расправија меѓу двајца тинејџери резултирала со отворање оган. Еден тинејџер избегал, но се судрил со двајца полицајци од Хувер.

Полицискиот капетан Грег Ректор рече дека полициските службеници „пукале во тинејџерот и бил мртов на лице место“.

Другиот тинејџер е хоспитализиран во тешка здравствена состојба. Ректор додаде дека во престрелката е погодено и 12-годишно девојче кое исто така е хоспитализирано.

Трговскиот центар Риверчејс Галерија е затворен на неодредено време.