Тимот на „Аџибадем Систина“ се проширува со врвни имиња од македонската медицина

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ го проширува тимот со врвни имиња на македонската медицина. Последниот период има засилување на одделот за хирургија, радиологија, урологија, гинекологија. Покрај уролозите Ставридис и Мицковски, торокалниот хирург Арсовски и гинеколозите Димитров и Ристески, во лекарскиот тим ќе се приклучат уште седум специјалисти.

Лекарскиот дрим-тим во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се засили со три нови познати имиња. Станува збор за тројца лекари кои во минатата недела направија трансфер од „Ре-Медика“ во нашата водечка приватна здравствена установа – информираат од „Аџибадем Систина.

 Прв нога повлече специјалист по урологија проф. д-р Сотир Ставридис. Предводник на одделот за урологија е д-р Александар Мицковски, а во неговиот тим се приклучија уште тројца специјалисти.

Зајакнат и Одделот за гинекологија и акушерство

Првото име е д-р Глигор Димитров, кој во „Ре-Медика“ беше шеф на Одделот за гинекологија и акушерство. Второто име е д-р Младен Ристески, кој во „Аџибадем Систина“ дојде од Клиничката болница „Мајка Тереза“ во Чаир – додаваат од „Аџибадем Систина“.

Во болницата работи  тим од повеќе од 200 лекари специјалисти, а нивната експертиза е надополнета со најсовремената медицинска опрема велат од таму.Клиничка болница „Аџибадем Систина“ брои повеќе од 1.220 лица, од кои близу 240 се лекари.

Адријана Алексиеска

Advertisements