Тимоние предупредува – одлуката за влез во ЕУ зависи од Вас и од спроведувањето на планот „3-6-9“

„Датум за преговори со ЕУ“ – реалност во октомври или само повеќедецениска македонска фантазија? Ова прашање подолго време „виси“ по контрадикторните изјави од македонските власти, дека условите за земјавата конечно да добие датум за преговори со ЕУ се испорачани, како промена на уставното име и пололем дел од списоците со барања од нашите соседи, од југ и од исток.

Но, иако Грција, каде е можна промена на власта, и Бугарија, во последниот период имаа оптимисточки пораки во однос на поддршката на европскиот пат, голема е веројатноста да добиеме црвено светло од „поголемите европски играчи“ како што е Франција, барем судејќи според последните пораки упатени од  францускиот амбасадор во земјава Тимоние. Во последната, тој вели дека, „Франција е на Ваша страна, но одлуката дали ќе Ве поддржиме зависи дирекно од реформите, планот 3-6-9 и 18.

-Франција не е кочничар, треба да разликуваме одредени нешта. Имаше една пречка, тоа беше грчкото вето поради името кое не беше наклонето за отворање на преговорите, но и вето за влез во НАТО. Сега тоа е надминато. Второто прашање кое се покрена во месец јуни минатата година, а тоа е агендата што требаше да се спроведе 3-6-9 и агендата 18. Она што ние го очекуваме сега е билансот од таа агенда, изјави Тимоние за Радио Слободна Европа.

Истото, францускиот амбасадор првично го изјави за Алфа уште пред еден месец. Но, тогаш, наместо за октомври, датум за одлука најави до крајот на годинава.

-Сметам дека не треба да се врзуваме за датуми, што не значат ништо. Она што е важно, е дека Европа сака да помогне во спроведување на она што е изгласано, стои на хартија. Но, не секогаш она што е напишано на хартија е исто со она што се спроведува на терен, вели Тимоние.

Земјава во текот на претходните месеци ги собра речиси сите пофалби дека ги исполнила барањата на Европската Унија од политички аспект, си го смени името и постигна договори со соседите, но сепак европската тројка Франција, Германија и Холандија постави нови услови – без спроведени реформи во сите области и без законот за СЈО нема гаранција за почнување на преговори.

Сања Трајковска Ставров