});

Тешко повреден работник во велешки „Брако“

Вработен во велешки „Брако“ вчера изутрина се здобил со тешки телесни повреди додека работел на машина за обработка на жица.

Од СВР – Велес вчера околу 09.00 часот во ДПТУ „Брако“ – погон клинчара, додека лицето Ѓ.Д.(41) од Велес работело на машина за обработка на жица истиот бил вовлечен во машината и приклештен од жицата по што машината автоматски престанала со работа.

Според портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, по настанот лицето со возило на Итна медицинска помош било пренесено во ЈЗУ Општа болница – Велес, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и повредниот работник бил пренесен на лекување на Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.