Тетовските студенти и денеска на протест-поднесоа ултиматум до МОН и Универзитетите за исполнување на барањата

Тетовските студенти и денеска продолжија со протестите на градскиот плоштад. Им дадоа рок од една недела на Универзитетите и МОН, да одговорат на нивните барања. Во спротивно велат, ќе го кренат гласот уштеповеќе,а протестите ќе станат помасовни.Студентите побараа да за преполитизацијата во образованието, корупцијата, криминалот, дискриминацијата и непотизмот,како и подобри услови за следење настава во предавалните и лабораториите на факултетите. Упатија апел до сите студенти, па и средношколци,да не се плашат и да им се придружат.

Студентите побараа протестите да не се употребуваат за политички цели, оти тоа велат ќе оди во нивна штета и во штета на реализацијана поднесените барања.