Тетовските средношколци на протест за аерозагадувањето- градоначалничката Арифи ги игнорира

Тетовските средношколци и дадоа на градоначалничката Теута Арифи рок од седум дена да донесе мерки и препораки против аерозагадувањето. На денешниот мирен протест пред општината искажаа револт за несериозноста и незаинтересираноста на надлежните, за решавање на еден од најважните проблеми.

Иако најавено, на денешниот протест, не се собраа сите средношколци од градот. Учениците тврдат дека имаат големи притисоци да се откажат од бојкот на наставата, но велат ќе одат до крај. Жалат што немаат поддршка од нивните професори.

Градоначалничката Теута Арифи, додека траеше протестот не беше во општината. Остана недостапна и за медиумите, и за да ги слушне барањата на учениците.

Милена Вуческа