Тетовските пожарникари останаа без опрема, потребно им се нови возила и опрема

Ионака старата опрема и возила на тетовските пожарникари значително се оштетија или уништија во големиот пожар на 30 мај, па тие стравуваат дека во следна ваква поголема неприлика ќе нема со што да интервенирааат. Изгорени или оштетени се многу црева и други делови од опремата, заштитните одела, како и возилата.

Повеќе од 50 отсто од цревата што ги употребуваме и млазниците. Еве на пример ова е расипано е и не може да го употребиме веќе. Имаме црева расипани, имаме камиони со дефекти, големи дефекти, имаме три камиони со големи дефекти рече Авни Амети-ТППЕ Тетово.

Ние постојани преку медиумите даваме црвен аларм за јавноста, но сега е навистина проблематично, велат пожарникарите. Додека функционерите купуваат луксузни возила, тие гаснат пожари со камиони стари со децении и опрема која е веќе употребувана.

Би апелирал до врвот на државата да ни помогнат да ни излезат во пресрет со опрема, со камиони, било што, не бараме ништо друго луксузно. Но би и рекол и за другите ТППЕ низ целата држава да им се помогне, не кога ќе се случи некој масивен пожар да се интересираат една недела или десет дена после да не заборават вели Ука Алити, ТППЕ Тетово.

При ваква состојба пожарникарите нема да имаат сила за борба со поголеми предизвици.

Ние нашето здравје ете го ризикуваме го даваме за безбедноста и сигурноста на нашите граѓани но и државата треба да мисли малку за пожарникарите. Верувајте дека не е само Тетово што се случи ова случка низ цела Македонија пожарство ние е на ниско ниво вели Ука Алити ТППЕ Тетово.

Дај Боже да не се случи нешто друго сега поблизу затоа што стварно ние сме уморени до крај рече Авни Амети ТППЕ Тетово.

Во големиот пожар над 15 пожарникари се соочија со задушување и дехидрирање, двајца претпреа и физички повреди.

Александар Самарџиев