Тетовскиот гинеколог обвинет за смртта на родилка доби ослободителна пресуда

Тетовскиот гинеколог, Казимир Копривњак, кој беше обвинет за смртта на 33 годишната родилка Виолета Кировска, доби ослободителна пресуда. Вештачењата покажале дека тој не го сторил кривичното дело за кое се товарел-тешки дела против здравјето на човекот.Според обвинителниот акт, гинеколог породувајќи ја со царски рез родилката Кировска ,не презел превентивни мерки за заштита од компликации, а по настанато крварење, не извршил навремена интервенција.Оштетената страна најави жалба, поради низа пропусти, семејството пак, обвинува за наместен случај.

За адвокатот на обвинетиот гинеколог пак, одлуката на судот била очекувана.

Виолета Кировска почина на 19 август 2015-та година, откако по породување со царски рез, настанало крварење,по што била пратена на скопски КАРИЛ. После една недела родилката почина, а по околу еден месец и нејзиното новороденче.

Милена Вуческа